Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекторот Јончевски го одработи првиот тренинг со 17 кошаркари

Објавено

на

Седумнаесет сениори се појавија на првата прозивка која ја имаше селекторот Александар Јончевски ова утро во Скопје, со што воедно стартуваа подготовките за двата натпревари од вториот претквалификациски круг за Евробаскетот.

Најсилната македонска репрезентација на 23-ти февруари и гостува на Словачка, а три дена подоцна ќе гостуваме во Осло каде противник ќе ни биде селекцијата на Норвешка.

Поради згуснатиот распоред и краткиот временски период, кошаркарите ќе одработат само два тренинзи, од кој првиот веќе заврши, а оној вториот ќе се реализира вечерва.

Според планот, за утре е закажан собир во 10 часот пред СЦ „Борис Трајковски“, од каде нашата експедиција ќе отпатува за Словачка.

На првиот тренинг утрово се појавија 17 кошаркари:

Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Филип Бакоч, Андреј Шошкиќ (Работнички), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Амар Хот (Феникс 2010), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Максим Митевски (Гостивар), Страхил Николов (ТФТ Mozzart).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни