Поврзете се со нас

Македонија

Сејдини доби поддршка од ОФС Кичево и стана легитимен кандидат за втор мандат во ФФМ

Објавено

на

Муамед Сејдини од денеска и официјално е кандидат за старо-нов претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, откако ова попладне доби доверба од страна на својот матичен фудбалски сојуз.

Општинскиот фудбалски сојуз од Кичево му изгласа доверба на Сејдини и дури 30 делегати го предложија Муамед како нивни кандидат за претстојното Изборно собрание на ФФМ во кое ќе се бира нов претседател.

Очекувањата се актуелниот претседател да добие нов мандат и да ја продолжи работата која ја извршуваше во изминатите две години, откако на најзначајната функција во македонскиот фудбал го наследи Илчо Ѓорѓиоски кој доби важни обврски во УЕФА.

Во овој момент, Изборното собрание на ФФМ се уште не е официјално закажано и сега допрва ќе следи одлука за кога истото ќе се одржи, но денеска стана познато дека Сејдини влегува со огромни шанси да раководи со македонскиот фудбал, добивајќи втор мандат од страна на сите делегати од останатите сојузи во Македонија.

Инаку, под водство на Сејдини, најсилната македонската фудбалска репрезентација го направи најголемиот успех во историјата на нашата земја, односно се пласираше на Европското првенство кое ќе се одржи во месец јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни