Поврзете се со нас

Македонија

Се враќа во старата средина: Вардар го договори првото засилување за новата сезона

Објавено

на

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и во наредната година ќе игра во втората лига што секако е под неговото реноме, па управата во овој летен преоден рок ќе се обиде да состави екипа која ќе може да ја исполни целта и се врати во елитата под водство на тренерот Бобан Грнчаров.

Скопскиот клуб веќе го договори и претстави првото засилување за натпреварувачката 2022/2023-тоа е напаѓачот Симеон Христов. Се работи за играч кој потегнува од школата на вардарци, има настапувано и за првиот тим, па треба да биде сериозно освежување, засилување за офанзивната линија со оглед на искуството кое го поседува.

Христов освен во Македонија има играно во Унгарија, Албанија и Мјанмар. Во Вардар доаѓа од Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни