Поврзете се со нас

Шпанија

Се враќа во акција судијата кој му „украде“ победа на Реал на „Месталја“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Пред нас е ново коло во шпанскиот шампионат каде на еден од мечевите ќе видиме кам-бек на судијата кој направи вистински хаос со својата одлука на дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид одигран на 2 март на „Месталја“.

Таа средба заврши без победник 2-2 со тоа што „кралевите“ дадоа трет гол во последните секунди, но истиот не беше признат затоа што судијата Хесус Хил Мансано се реши да отсвири крај на една-две секунди пре истиот кога топката се нафрлаше во шестнаесетникот на домаќините.

По овој натпревар Мансано беше оставен на „ладење“, не судеше во Шпанија, меѓутоа овој викенд се враќа во акција и ќе биде главен на битката меѓу Џирона и Бетис.

Истата се игра в недела од 16:15 часот и познатиот судија сигурно ќе сака да има мирно попладне, поточно да мине без спорни и контровернзни ситуации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни