Поврзете се со нас

Шпанија

Савиќ го остави Атлетико на цедило, Реал го грабна последниот билет за полуфиналето во Копа Дел Реј (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид ја доби битката со Атлетико Мадрид и го граба последниот билет за полуфиналето воо Купот на Шпанија.

Во супер интересен меч кој донесе две продолженија по 15 минути избраниците на Карло Анчелоти славеа со 3-1 и на тој начин им се приклучија на Барселона, Осасуна и Атлетик Билбао кои претходно си јја завршија својата задача.

„Душекџиите“ први го отворија резултатот и тоа со погодокот на Мората во 19 минута. До следниот гол се чекаше до самиот финиш кога новлезениот Родриго имаше слалом низ гостинската одбрана и мајсторска егзекуција за 1-1 и дополнителни минути на „Сантијаго Бернабеу“.

Во првото полувреме Савиќ заработи два жолти картони и го остави својот тим на цедило, можност која домаќините максимално ја искористија и преку Бензема и Винисис Жуниор изборија победа која ги остава во игра за пехарот во Копа Дел Реј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни