Поврзете се со нас

Италија

Сасуоло си даде неверојатен автогол, заканите од тифозите на Интер вродија со плод (Видео)

Објавено

на

Интер се очекуваше да има далеку потешка задача на гостувањето кај Сасуоло со оглед на лошата форма и акумулираниот замор, но интересно, гостите од Милано можеби го одиграа и најдобриот натпревар во последно време во ситуација кога добија директна закана пред почетокот на истиот.

Тифозите на Интер ги загубија нервите и им се заканија на играчите од првиот тим за лошите перформанси, а ова попладне на теренот добија добар одговор и комотна победа од 0:3.

Иако Антонио Конте го одмораше Ромелу Лукаку, Интер уште во раната фаза заврши огромна работа, бидејќи по 15 минути игра имаше комотна предност од 0:2.

Алексис Санчез погоди за 0:1 во четвртата минута, а во 14-та следеше едне неверојатен карамбол и мешаница во домашниот шеснаесетник, по што играчите на Сасуоло си постигнаа неверојатен автогол. На крајот, како стрелец на автоголот беше запишан Кирикеш, а таквиот расплет им даде многу поголем мир на гостинските фудбалери.

Во вториот дел, конечните 0:3 ги постави играчот за врска Галјардини, па така Интер со втората победа во низа во Серија А во моментов се искачи на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни