Поврзете се со нас

Германија

Сањол за трансфер метата на Баерн: Тој носи проблеми, подобро е да го купат…

Објавено

на

Французинот Вили Сањол добар дел од својата кариера мина во Баерн Минхен и добро ја познава ситуацијата и состојбите во клубот кој со години е најдобар во Германија и еден од најдобрите во Европа.

„Баварците“ играат добро под водство на Ханси Флик, но без разлика како и да заврши оваа кампања сакаат да ги засилилат своите редови, а една од главните желби е Лерој Сане. Крилниот напаѓач и минатото лето беше на мета на бундеслигашот, долго време преговараа со Манчестер Сити, меѓутоа не успеаа да пронајдат заеднички јазик за да потоа се се прекине откако Сане доживее потешка повреда.

Германскиот интернационалец би требало да биде подготвен и да заигра за Сити откако ќе се врати фудбалот во Англија, а пак Баерн сака да ја искористи целата оваа ситуација и да го земе под цена со оглед на пандемијата со КОВИД-19 и влијанието која истата го имаше и врз цената на играчите.

Сањол го предупредува својот поранешен клуб околу овој потег затоа што смета дека Лерој е проблематичен и не му одговата на тимот од Минхен.

-Тој воопшто не му одговара на Баерн во однос на неговиот карактер. Тој е некој чија форма е многу неконзистентна и е многу повлечен. За мене, воопшто не му одговара. Тој има[e многу проблеми во Манчестер Сити и со репрезентацијата.

-Ние зборуваме за 80 милиони евра. Во тој случај би додал уште 20 и би го довел Каи Хаверц (Баер Леверкузен), -порача Сањол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни