Поврзете се со нас

Германија

Санчо го посрамоти Упамекано, а по натпреварот за прв пат проговори за својата иднина (Видео)

Објавено

на

Џејдон Санчо кој имаше нешто послаб почеток на сезоната како што доближува крајот на првенството во Германија игра се подобро и подобро, а тоа го покажа и на вчерашниот натпревар против Ред Бул Лајпциг.

Борусија славеше против второпласираниот тим на табелата во Бундеслигата и славеше со 3:2 и  што му овозможи на Баерн Минхен и официјално да стане старо- нов шампион во Германија.

Херој на овој натпревар за „милионерите“ беше Џејдон Санчо кој постигна два погодоци од кои победоносниот беше постигнат во 87. минута од натпреварот. Освен двата погодоци, Санчо имаше и доста индивидуални потези со кои го привлече вниманието на јавноста. Еден од нив беше против Дајот Упамекано со кого си поигра како со мало дете и му ја „продаде“ најболната финта, туркајќи му ја топката меѓу нозете.

По натпреварот, Англичанецот беше запрашан за својата иднина, а тој даде дипломатски одговор дека е многу среќен во Борусија Дортмунд.

– Не знам ништо за својата иднина. Многу сум среќен во Дортмунд, го сакам овој клуб, соиграчите и навивачите. Тука ја започнав професионалната кариера, а навивачите ме мотивираат и ме туркаат до границите, -изјави Санчо.

Фудбалерот и ова лето ќе се поврзува со трансфер, а повторно најсериозен кандидат за неговиот потпис ќе биде тимот на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни