Поврзете се со нас

Англија

Салах емотивно скршен откако Јунајтед го потврди пласманот во ЛШ: Тотално сум уништен (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Манчестер Јунајтед го декласираше Челси на „Олд Трафорд“ и со победата од 4:1 и математички го потврди пласманот во Лигата на шампионите, нешто што беше поставено како круцијално и цел број еден во првата сезона на Ерик Тен Хаг како менаџер на „ѓаволите“.

Вчерашниот резултат е само потврда за напредокот кој го направи холандскиот стручњак на театарот на соништата, а додека фановите од Манчестер го слават топ четири пласманот, во Ливерпул стана јасно дека надежите за Лигата на шампионите и официјално згаснаа.

Ливерпул со импресивната серија во последните рунди се замеша во битката за влез меѓу најдобрите четири, но реално гледано, тимот на Клоп на крајот сосема оправдано извисува поради лошите партии кои ги прикажа во најголем дел од сезоната.

Актуелните ѕвезди на Ливерпул се научија секоја година да бидат дел од елитата, а Мо Салах потврди дека се чувствува навистина лошо што догодина нема да игра во најважното натпреварување во Европа.

– Тотално сум уништен. Едноставно нема оправдување за ова. Имавме се што е потребно за да играме во Лигата на шампионите наредната година, но остваривме неуспех. Ние сме Ливерпул и пласман во тоа натпреварување е минимум што треба да оствариме. Жалам, но премногу е рано за да објавам оптимистички пост. Ве изневеривме вас, но и самите себе, – порача Салах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни