Поврзете се со нас

Италија

Саки му даде поддршка на Пиоли и посочи колку засилувања му се потребни на Милан во летниот преоден рок

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан се уште има доста сериозни предизвици во актуелнава сезона во која ќе се обиде да ja задржи сегашната позиција на табелата во Серија А, но и да дојде до пехарот во Лига Европа што дефинитивно нема де биде лесна мисија.

Резултатите до крајот на кампањата можат да ја дефинираат и судбината на тренерот Стефано Пиоли кој ќе мора да го извади максимумот од сегашниот тим. Тој често е критикуван поради неконстатноста во игрите, изданијата на „росонерите“ и токму поради ова се е отворено кога е тој во прашање.

Има и такви кои му даваат максимална поддршка, а таков е Ариго Саки кој верува дека Пиоли треба да остане и наредната сезона за која треба да се обезбедат четири засилувања. Саки издвои едно име како освежување, а тоа е Џошуа Зиркзе од Болоња.

-Ако Пиоли остане во Милан како што се надевам, мислам дека ќе сака напаѓач кој се движи и кој е подготвен да се жртвува во фазата без топка. Ќе биде потребно да се донесе многу паметен играч од средниот ред и двајца дефанзивци, стопер и бек, -порача Ариго за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни