Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц се огласи по веста за Хамилтон: Ќе го дадам најдоброто…

Објавено

на

Луис Хамилтон и официјално ќе биде дел од Скудерија Ферари од 2025 година, а тоа воедно значи крај на приказната на италијанскиот тим со Карлос Саинц.

Шпанецот од 2015 година е дел од Ф1 шампионатот, прво возеше за Торо Росо, па преку Рено и Мекларен дојде во Ферари во 2021 година.

По три години Саинц ќе го затвори ова поглавје во кариерата, ама претходно ќе даде се од себе тој и Ферари да бида успешни во нареднава сезона.

-Јас и Скудерија Ферари ќе се разделиме на крајот на 2024 година. Пред нас е долга сезона и како секогаш ќе дадам максимум за тимот и за сите тифози ширум светот. Вестите за мојата иднина ќе бидат објавени кога ќе дојде време, -порача Карлос.

„Бомбата“ официјално е потврдена: Хамилтон ја активира клаузулата и си заминува од Мерцедес!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни