Поврзете се со нас

Формула 1

„Бомбата“ официјално е потврдена: Хамилтон ја активира клаузулата и си заминува од Мерцедес!

Објавено

на

Еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња, Луис Хамилтон ќе направи голема промена во кариерата и ќе се раздели со тимот со кој ги имаше најголемите успеси во досегашното искуство на оваа сцена.

Тоа што во текот на денот се најави, сега доби и официјална потврда, па така Британецот ќе се раздели со Мерцедес по крајот на новата сезона, односно 2024 година.

-Имав неверојатни 11 години со овој тим и многу сум горд на она што го постигнавме заедно. Мерцедес е дел од мојот живот уште од мојата 13. година. Тоа е место каде што пораснав, така што донесувањето одлука да заминам беше една од најтешките одлуки што некогаш сум морал да ги донесам.

-Ама ова е вистинско време е да го направам овој чекор и возбуден сум што преземам нов предизвик. Засекогаш ќе бидам благодарен за неверојатната поддршка на моето семејство Мерцедес, особено на Тото за неговото пријателство и лидерство и сакам заедно да завршиме на високо ниво. Јас сум 100 проценти посветен да го испорачам најдоброто што можам оваа сезона и да ја направам мојата последна година со Сребрените стрели, една за паметење, -порача Хамилтон кој ја активираше клаузулата во договорот која му овозможи да си замине по 2024 година.

Негов нареден тим ќе биде Ферари кој во краткото соопштение порача дека Луис ќе биде нивен ас од 2025 година и дека е потпишан повеќегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни