Поврзете се со нас

Формула 1

„Бомба“ од Шпанија: Хамилтон преговара со Ферари, тимот од Маранело се откажува од еден актуелен возач!

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Луис Хамилтон е седумкратен Ф1 шампион и полека влегува во завршната фаза од својата кариера, која како што стојат работите, тој сака да ја заврши во тимот за кој навивал во детството.

Хамилтон е тесно поврзан со Мерцедес од 2007-ма година и цела своја досегашна кариера во Формула 1 ја изгради возејќи болиди од истиот производител, но за 2025-та година е најавена „бомба“ која сега надалеку одекна и се слушна во цела спортска јавност.

Британецот решил кариерата да ја заврши во Ферари и остварил први сериозни контакти со тимот од Маранело, кој според информациите, исто така дал зелено светло за комплетирање на сензационалната зделка.

Хамилтон има 39 години и како еден од најголемите шампиони во историјата сака да заврши во црвениот болид, нешто што изгледа многу веројатно со ситуација кога Ферари ги одолговлекуваше преговорите со Карлос Саинц и остави простор за друг возач.

Планот е Хамилтон да го пополни местото на Шпанецот и да биде колега на Шарл Леклер во 2025-та година, а вестите кои ексклузивно ги пренесоа медиуми како „Марка“ и „АС“, сега почнаа да добиваат уште поголема поддршка и од други угледни светски медиуми.

Луис и во минатото во неколки наврати беше тесно поврзуван со Ферари, но последните  гласини се убедливо најгласни и претпоставките се дека двете страни конечно ќе стигнат до посакувана соработка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни