Поврзете се со нас

Светски првенства

Руска обложувалница го признала голот на Роналдо против Србија

Објавено

на

Дуелот меѓу Србија и Португалија од квалификациите за Светското првенство заврши без победник 2-2, но истиот имаше контроверзен крај затоа што актуелниот европски првак постигна погодок за триумф во судиското продолжение, ама истиот не беше признат од судијата Дени Макели и неговите соработници со образложение дека топката по ударот на Кристијано Роналдо не ја минала гол линијата.

За тој момент на дуелот во Белград понатаму се зборува, има реакции, но во исто време доаѓаат и интересни вести поврзани за истата и за конечниот исход. Имено една обложувалница од Москва одлучила да им ја признае добивката на сите оние кои типувале триумф на Португалија.

Воедно добитни се и оние кои ги играле Роналдо како стрелец. Обложувалницата не објавила колку тикети се добитни, ама дефинитивно ќе има доста луѓе кои ќе бидат среќни поради оваа одлука.

Од друга страна кладилницата го признава и конечниот резултатот 2-2, односно сите кои одиграле „X“ ќе имаат погоден пар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни