Поврзете се со нас

АТП

Руседски: Федерер нема да може да освои грен слем титула покрај Ѓоковиќ и Надал

Објавено

на

Поранешниот светски рекет број четири, Грег Руседски не верува дека Рожер Федерер ќе може да освои титула на големата сцена, грен слем турнирите до крајот на неговата кариера.

Федерер е број еден кога се во прашање пехарите на најголемите турнири, односно има вкупно 20 што е за еден триумф повеќе во однос на Рафаел Надал и три од сегашниот лидер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ.

-Ситуацијата е сериозна и здравјето на сите мора да биде приоритет. Секако Рожер доби доволно време да закрепне од операцијата.

-Ги гледав снимките од тренинзите на Ѓоковиќ, Надал исто така се врати на теренот … Не гледам нова димензија која Федерер може да го внесе во својата игра за да освои грен слем пред нив. Ќе му биде исклучително тешко, особено затоа што наскоро ќе наполни 39 години.

-Би било убава приказна да можеше повторно да освои големи титули, ама смета оти Ѓоковиќ и Надал се фаворити на гренслемовите. Федерер е зад нив, но тој никогаш не смее да се отпише, -вели Руседски кој во кариерата освои 15 титули во сингл и 4 во игра на двојки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни