Поврзете се со нас

Германија

Румениге со иронија и потсмев зборуваше за Барселона поради астрономскиот договор кој го имал Лео Меси

Објавено

на

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге даде конкретен одговор на прашањето дали тие се заинтересирани во своите редови да го донесат Лионел Меси од Барселона.

Аргентинецот ќе си оди од Каталонија и следното лето ќе ја промени средината, а меѓу можните тимови кои се поврзуваа со него беше и Баерн Минхен.

Сепак, Румениге беше дециден во ставот дека Баерн нема да тргне по услугите на Меси, притоа потсмевајќи се со Барселона која му понудила астрономски договор пред пет години.

Договорот на Меси пред извесен период излезе во јавноста и предизвика вистинска бура од реакции затоа што стана јасно дека офанзивецот на Барселона заработувал огромна сума на пари за неговиот престој на „Камп Ноу“.

– Се насмевнав кога видов каков договор има Меси со Барселона. Можам само да му честитам што успеал да добие такви астрономски бројки во договорот на пет години. Неговата плата ќе се намали без оглед дали ќе остане во Барселона или не. Јас можам само да ви кажам дека Баерн не е заинтересиран за него и немаме намера да го донесеме, -јасен беше Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни