Поврзете се со нас

Свет

Роналдо за интересот од Германија и Англија: Не планирав ваква сезона, но….

Објавено

на

Кристијано Роналдо не ја заврши сезоната онака како што посакува и заврши без трофеј во Саудиска Арабија, па иако имаше гласини дека експресно може да се врати во Европа поради интересот од Њукасл и Баерн Минхен, Португалецот сега ти отфрли ваквите шпекулации.

Португалската ѕвезда направил интервју за локален медиум во Саудиска Арабија и говорел за импресиите од првата сезона во оваа егзотична земја, при што нагласил дека неговите планови се тесно поврзани со Ал Наср.

– Не одам никаде, среќен сум тука и сакам да останам тука. Животот е многу добар во Саудиска Арбија, лигата е добра и во најава има пристигнување на други големи играчи. Со таков тренд, оваа лига само ќе расте.

– Очекував поинакви резултати, не планирав да останеме без титула, но следната сезона ќе биде попозитивна за нас и сигурен сум дека ќе бидеме уште подобри. Ќе работиме напорно за да го оствариме тоа.

– Лигата е навистина многу добра, но сепак има работи кои треба да се поправат, добро е што има простор за раст. Има добри екипи, играчите се се подобри, но мора да се подобри инфраструктурата. Истото важи и за судиите и луѓето во ВАР, мора да има напредок на ова поле. Ако продолжиме сите да работиме вака, оваа лига ќе стане меѓу петте најдобри во светот, – завршува Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни