Поврзете се со нас

Англија

Роналдо му се налутил на Трансфермаркт, па го блокирал на Инстаграм

Објавено

на

„Трансфермаркт“ е еден од најпознатите германски вебсајтови, портал на кој ги има сите фудбалски информации, а меѓу другото тие често прават и проценки на играчите и нивната вредност.

Токму тие во март 2020 година направија состав од најскапите имиња кои ги предводи, застапува супер агентот Жорже Мендеш и на истиот Кристијано Роналдо беше проценет на 75 милиони евра. Ова не му се допаднало на напаѓачот кој веднаш стапил во контакт со луѓетот од „Трансфермаркт“, па откако добил објаснување тој се одлучил да ги блокира на социјалните мрежи.

-Прво испрати порака до момците задоволжени за социјалните мрежи. Тие му одговорија, му објаснија зошто и му кажаа „Од луѓето во твојата возрасна група, ти си далеку пред сите“. Мислам дека беше 30-50 милиони фунти разлика (меѓу Роналдо и следниот играч на списокот), а потоа испрати  ни смајли и не блокираше, -откри Кристијан Шварц кој се потсети на таа епизода во разговорот за „Атлетик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни