Поврзете се со нас

Франција

Роналдињо удри по ПСЖ: Што сакаат да имаат? Ако не сте задоволни…

Објавено

на

Пари Сен Жермен и во оваа сезона не успеа да дојде до посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите и покрај тоа што имаше на располаѓање ѕвезден состав, тим со искуство, квалитет, многу пехари, меѓутоа тоа не помогна во пресметката со Реал Мадрид кој потоа исто ги мина Челси и Манчестер Сити, па ќе игра во финалето со Ливерпул.

Поради ваквиот неуспех се најавени сериозни промени кај „светците“, потег за кој славниот Роналдињо нема никакво разбирање затоа што смета дека истиот ќе биде голема грешка.

-Сакате се да промените? Што сакаш да имаш? Најлошите играчи на светот? Треба да почекате додека не го разберат овој нов начин на живеење и играње фудбал. Останатото ќе дојде малку по малку. Ова прилагодување е нормално, за да се исправат работите.

-Нејмар е еден од најдобрите играчи во светот. Тој имаше неколку повреди оваа година. Кога е 100 проценти подготвен, тој е навистина посебен играч за овој тим. Нејмар, Ди Марија, Меси… Најдобрите играчи се заедно. Ако не сте задоволни со тоа, со кого ќе играте?, -прашува Бразилецот кој откри дека во финалето на ЛШ ќе навива за Ливерпул.

-Тоа се две добри екипи. Имаат многу добри играчи. Им посакувам се најдобро. Реал Мадрид е многу добар. Тие вршат одлична работа. Но, бидејќи многу ја сакам Барселона, јас сум со Ливерпул, -порача Роналдињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни