Поврзете се со нас

АТП

Родик обелодени кои му се двете најдраги победи во кариерата: Тоа беше неверојатно

Објавено

на

Енди Родик е еден од тенисерите кој имаше успешна кариера, освои 32 титули за време на патувањето меѓу кои највредната беше онаа на Ју-Ес Опен во 2006 година.

Едно време тој беше и на врвот на АТП листата што доволно говори за неговите квалитети, начинот на игра кој носеше резултати. Секако низ тој пат има забележано многу победи, но две му се посебни, најдраги и тоа против Рафаел Надал и неговиот идол Пит Сампрас.

-Тоа се две победи. Тримфот над Надал во 2010 година, тоа беше неверојатно. Сепак веројатно најдрага ми е онаа кога играв со Пит Сампрас во Мајами 2001 година. Во тоа време имав 18 години, тој беше трет во светот и јас бев далеку од најдобрите резултати, но тогаш победив. Тоа беше многу важно за мене, не само затоа што бев на терен со идолот, туку затоа што го победив Пит, -откри Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни