Поврзете се со нас

Македонија

РК Алкалоид го промовираше Лазаров во пресрет на суперлигашкото деби

Објавено

на

Ракометниот клуб Алкалоид обезбеди екпресна промоција во најелитната македонска ракометна лига, а таму ќе биде предводен од Кире Лазаров.

Големото име на македонскиот ракомет е еден од креаторите на проектот и во новата сезона ќе го води РК Алкалоид во битката со Вардар, Еурофарм Пелистер и останатите ривали од Супер лигата.

– Решив да останам во спортот и по завршувањето на мојата играчка кариера, да придонесувам на поинаков начин, односно како тренер.

– Чест ми е што ќе работам во Македонија, чест ми е што сум дел од ваков проект и не се двоумев да ја прифатам поканата на РК Алкалоид и влегувам со голема желба и посветеност. Алкалоид смета дека треба да има повеќе вакви концепти,бидејќи само со нив може да се гради подобра иднина, – изјави Лазаров на денешната прес-конференција.

Лазаров како нов тренер на Алкалоид ја презема функцијата од Љубомир Савевски, за кого од клубот најавија дека ќе ја извршува функцијата спортски директор.

РК Алкалоид го претстави и тимот за новата сезона, доведе поголем број засилувања, а капитен ќе биде Игор Ѓоргиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни