Поврзете се со нас

Македонија

Ристовски за фудбалот во Македонија: Не знаеме да ја сочуваме традицијата и брендот

Објавено

на

Стефан Ристовски пред неколку дена револтирано се огласи на социјалните мрежи по веста дека РК Вардар е исклучен од Лигата на шампионите, но сега поопширно се огласи за случувањата во македонскиот фудбал.

Во интервјуто за „Вечерњи лист“, капитенот на македонската фудбалска репрезентација го посочи Динамо како најдобар пример за тоа како треба да работи и функционира еден клуб на Балканот, со заклучок дека инфраструктурата во нашата земја се уште не дозволува правилен развој на еден талентиран играч.

– Фудбалот во Македонија не е сјаен. Како што се вели, колку пари – толку музика. Денеска фудбалот е голем бизнис, во Македонија стагнира инфраструктурата и се надевам дека ќе дојдат тие „пет минути“ и кај нас. Ете, Вардар пред неколку години играше во Лига европа, а потоа испадна во Втора лига и жал ми е за тоа.

– Не знаеме да ја чуваме традицијата, да го сочуваме брендот. Доста клубови, кошаркарски, ракометни и фудбалски пропаѓаат, а младите мора што побрзо да си заминат од Македонија за да остварат како играчи. Во овој момент не гледам клуб во Македонија во кој би можеле да останете подолго. Затоа Динамо е вликан, пример за тоа како треба да работи еден клуб, – вели Ристовски во интервјуто и додава.

– Не се чувствувам како ѕвезда, се чувствувам горд што сум капитен на репрезентацијата. Некогаш се сонуваше за голем турнир, а јас отидов на Европско првенство, победив некои од најсилните репрезентнации. Со оглед на тоа каков ни е фудбалот, направивме повеќе од очекуваното и горд сум на тоа. Но, имам само 30 години и сакам да направам уште многу, – додава Ристе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни