Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски промаши пенал и стрелаше за Трнава, Даци повторно погоди за Вестерло (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски го постигна седмиот сезонски погодок за Спартак Трнава во првата лига на Словачка.

Составот на Трнава го потврди статусот на фаворит и славеше на гостувањето кај Липтовски Микулаш со 2-0, а токму голот за потврда на триумфот, трите бода беше дело на Ристовски во 70 минута. Вредно е да напомене дека Милан можеше и порано да се запише во листата на стрелци, а најголемата шанса за тоа ја имаше во 65 минута кога не реализираше удар од 11 метри.

Македонецот со 7 голови е на делба на второто место на листата на стрелци, Трнапа пак по 14 кола е на второто место на табелата со минис три поени во однос на лидерот Слован Братислава.

Кога се во прашање нашите интернационалци вреди да се напомене дека Ердон Даци беше автор на нов гол за Вестерло во втората белгиска лига. Даци ја начна мрежата на Васланд Беверен за водство од 1-0 во 74 минута, но гостите во самиот финиш погодија и се изборија за реми (1-1).

За Даци ова беше четврти гол во првенството на Белгија. Воедно треба да се каже дека офанзивецот на оваа средба имаше и едно неверојатно промашување, утка која ќе влезе во конкуренција за најлошите моменти во кампањата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни