Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски: Политиката во Македонија нѐ убива, пред баражот за СП имаме само еден проблем!

Објавено

на

Стефан Ристовски ја наследи капитенската лента од Горан Пандев и сега ќе го предводи тимот како лидер во историскиот бараж за Светското првенство, за кој ќе ги дознаеме потенцијалните противници наредниот петок на 26-ти ноември.

Десниот бек поради акумулирани жолти картони не играше против Ерменија, но затоа беше дел од клучниот меч против Исланд на кој го заверивме учеството на баражот со потврдата на второто место во квалификациската група.

На овој начин, Македонија го потврди големиот фудбалски раст во последните неколку години и извонредна вест е што се добива континуитет, па така по историското учество на Европското првенство, сега фудбалерите ќе се борат да влезат и на мундијал.

Задачата сигурно нема да биде лесна и противниците ќе бидат нависитна силни, но капитенот Ристовски верува во себе и во своите соиграчи.

– Претходно, Македонија никогаш не била во ситуација да се бори за Европски и Светски првенства. Обично во нашите квалификациски групи во кои игравме, собиравме шест или седум бода. Во последно време, тоа се промени, имаме профил на играчи кои сакаат да напредуваат, играчи кои сакаат големи работи и кои се поставуваат високи цели. Успеавме да се пласираме на Европско првенство, а еве не сега во борба за завршница на Светско првенство во Катар. Навистина сум среќен, ние поседуваме квалитет и заслуживме ваков успех со залагањето, – вели популарниот Рики во интеврјуто за „Јутарњи лист“, во кое дава коментар и за политичката состојба во нашата земја која прави поделба на народот.

– Знаете каква е политичката ситуација во Македонија. Политиката постојано не убива, народото постојано се дели. Во такви лоши времиња, спортот е тој кој не обединува, а најмногу фудбалот. Затоа сум толку радосен, бидејќи ние како репрезентација го сплотивме и го израдувавме народот. Мислам дека не е претерано ако се каже дека фудбалската репрезентација го обедини македонскиот народ, – заклучува Ристовски кој со мислите е и на баражот.

– Не чекаат уште два натпревари, мислам дека можеме да стигнеме до Катар. Сите ние веруваме во тоа. Имаме само еден проблем, поради акумулирани жолти картони, нема да може да сметаме на Елмас. Но, добра вест е што ќе ни се врати Аријан Адеми, тој ни значи многу. Да бидеме живи и здрави до баражот, а после тоа се ќе биде можно, дури и пласман на Светско првенство после историското Европско, – завршува Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни