Поврзете се со нас

Лига Европа

Рио згрозен од физичкиот напад врз судијата Тејлор: Како е можно да нема обезбедување (Видео)

Објавено

на

Ентони Тејлор беше мета број еден на Жозе Мурињо по крајот на големото финале во Лига Европа, пред се поради тоа што Португалецот беше максимално огорчен од одлуките кои ги донесе елитниот арбитар.

Тренерот на Рома имаше забелешки за Тејлор уште во микс-зоната и нагласи дека неговиот тим бил сериозни оштетен на „Пушкаш арена“, но шоуто го продолжи и на паркингот каде со низа погрдни зборови го испрати Англичанецот.

Сепак, ситуацијата кулминирала ова попладне на аеродромот во Будимпешта, каде Тејлор бил сочекан на терминалот од добар дел од навивачи на Рома, кои се обиделе и физички да го нападнат.

Англиските и италијанските медиуми ги споделија видеата кои се раширија на социјалните мрежи, а додека фановите на Рома го одобруваат ваквиот пристап, Рио Фердинанд е шокиран од случувањата.

– Уау… Се надевам дека Ентони Тејлор и неговото семејство е добро после тоа срање. Како е можно да е оставен без обезбедување. Сите авторитативни луѓе треба да започнат да мислат за најлоши сценарија во вакви ситуации. Овие насилници треба да одговараат за стореното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни