Англија
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…

Рио Фердинанд беше против заминувањето на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, но кога ситуацијата стана неподнослива, и самиот посочи дека најдобро ќе биде да дојде до разделба и прекин на меѓусебната соработка.
Легендарниот Рио беше еден од оние кои најцврсто и најпријателски го бранеа Португалецот од сите напади кои ги добиваше од стартот на сезоната, но исто така е реален и објективен во правењето анализа за актуелниот тим во кој повеќе го нема Кристијано.
Фердинанд смета дека има неколку играчи кои профитирале од заминувањето на Роналдо, а посебен акцент стави на Бруно Фернандеш кој според него не можел да се поврзе со својот сонародник.
– Постојат играчи чија игра никако не може да се поврзе, а така беше со Кристијано и Бруно. Бруно едноставно не можеше да се конектира со Роналдо. Тој е далеку подобар кога Роналдо не е во тимот.
– Сметам дека тоа е така бидејќи Бруно сака да биде играчот низ кој ќе минува топката, а по пристигнувањето на Роналдо, сите гледаа како топката да стигне до него. Сега го гледаме најдоброто од Бруно и тоа се случува откако си замина Роналдо. Сега играта ја Јунајтед многу повеќе се темели врз него и сите го гледаме тоа, – вели Фердинанд.
-
Германијапред 18 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 14 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
АТПпред 18 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги за голот на Јувентус: Не ми се верува дека ова се случува во ерата на ВАР, Интер заслужува респект (Видео)
-
Францијапред 19 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Шпанијапред 17 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
Италијапред 21 час
Алегри со одговор за поплаките од Интер: Ние од Јувентус сме џентлмени, не зборуваме за судии