Поврзете се со нас

Формула 1

Рикардо за инцидентот на Грожан: Одговорните во Ф1 ме разочараа со својата неодговорност

Објавено

на

Инцидентот на Ромен Грожан ги потресе сите возачи во Формула 1 шампионатот, а притоа тие мораа да останат трезвени и да ја извозат трката која беше прекината на самиот почеток.

Покрај тоа што сите возачи отпосле изјавија дека најважно било нивниот колега од Хас да помине без последици, Даниел Рикардо коментираше и еден друг аспект, напаѓајќи ги одговорните во Формула 1.

На Австралиецот не му се допаднал фактот што раководството на Ф1 дозволило толку многу повторени снимки во телевизискиот пренос од инцидентот.

– Начинот на кој инцидентот на Грожан беше пренесен, постојаните повторувања, одново и одново, беше целосно неодговорно. Тотално бесчувствително за неговата фамилија, пријатели и сите што гледаа.

– Ние требаше да возиме за еден час, а кај и да се свртевме го гледавме пламенот и страшниот удар. Можевме тоа да го гледаме утре, не мораше да се емитува толку пати денеска, – истакнал Рикардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни