Поврзете се со нас

Европски првенства

РФМ на промоцијата на ЕП 2022: Македонија доби уште една голема чест

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија денеска учествуваше на заедничката промоција на Европското сениорско првенство во женска конкуренција, кое на крајот на годинава ќе се одржи во Словенија, Црна Гора и нашата земја.

Претставувањето на шампионатот пред челниците на ЕХФ во Љубљана, уште еднаш го најави возбудливиот турнир за кој трите земји најавија беспрекорна организација, а претставник на РФМ бил членот на Управниот одбор, Александар Стефанов.

– Голема чест за Македонија е што ќе бидеме домаќини на еден ваков голем настан,затоа што ракометот е спорт број еден во нашата држава. Ова ќе биде вторпат кај нас да се одржува Европско сениорско првенство. Со нетрпение го очекуваме овој предизвик, ќе бидете добредојдени во ноември во Скопје, изјавил Стефанов во Љубљана.

Пред присутните се обратил и претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

– Македонија беше домаќин на ЕП во 2008, Словенија организираше машко европско првенство во 2004, а Црна Гора има долга традиција во женскиот ракомет. Сите три држави се покажале како гостопримливи и одлични организатори. Затоа со нетрпение го очекуваме ова првенство“, изјавил Видерер.

Европското првенство ќе се одржи од 4 до 20 ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни