Поврзете се со нас

Македонија

РФМ го стави ракометот во мирување по последните случувања во Работнички

Објавено

на

Како што можеше и да се очекува, Ракометната Федерација на Македонија денеска го стави ракометот во нашата земја во мирување, откако се појавија први позитивни случаи на коронавирус и во групата Б.

По привремениот прекин на групата А во која позитивни случаи пријавија дури четири клуба, најновата вест од Работнички за 16 позитивни ракометари на Ковид 19 беа јасен сигнал дека ракометот ќе мора да се „замрзне“ на одредено време, а потврда за таквата вест пристигна ова попладне.

Ракометната Федерација испрати официјално соопштение до медиумите и информира дека групата Б ќе биде идентично прекината во период од 15 дена, по што ќе се донесе дополнителна одлука како ќе продолжи Суперлигата.

Во споменатиот период, клубовите ќе мора да ја информираат Федерацијата за здравствената состојба на заразените играчи, а по рокот од 15 дена, ќе биде направен комплетен скрининг на сите тимови кои се натпреваруваат во групата Б.

Првите позитивни случаи во македонскиот ракомет се јавија во групата А, а бидејќи веќе одминаа 7 дена, за очекување е наредната недела да биде направено ново тестирање на сите тимовите кои се натпреваруваат, пред да се продолжи со натпреварите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни