Поврзете се со нас

Европски купови

Репрезентативецот во елемент: Шортс тргна моќно и во Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/cesaremilanti

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс од оваа сезона го носи дресот на Париз, тим со кој одигра неколку одлични партии во Франција, но и тим со кој имаше одлично отварање на сезоната во Еврокупот.

Францускиот прволигаш не дозволи изненадување и славеше над Вулвс Вилнус со 105:78 и тоа во дуел во кој најдобар беше токму нашиот ас. Имено плејмејкерот реализираше 20 поени и 9 асистенции, поточно за малку остана без дабл-дабл учинок.

Тој имаше и 3 украдени топка или севкупно 30 индексни поени. Двоцифрени кај победникот беа уште петмина играчи, додека кај поразените се издвои Сулаимон со 15 кошеви.

Во второто коло Париз и гостува на Венеција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни