Евролига
Реал со цврста одбрана до 16. победа во Евролигата, Валенсија го понижи Зенит (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид ја прокнижија 16. победа во Евролигата и тоа во пресметката против Жалгирис која ја реализираа со 70-58.
Избраниците на Пабло Ласо одиграа фантастична одбрана низ сите 40 минути и со тоа си го отворија патот до посакуваниот резултат на битката во Мадрид. Тројца играчи на „кралевите“ беа двоцифрени, Дек беше прв стрелец со 14 кошеви, Керол и Томпкинс пак беа автори на 12 поени.
Ветеранот Јанкунас пак на спротивната страна даде 13 поени.
Валенсија пак како гостин го прегази Зенит во неговиот дом со 91-62. Првиот дел мина во израмнета битка и предност на шпанскиот претставник од само три поени (44-41) за да продолжението донесе апсолутна доминација на четата на Понсарнау за трето славје во низа во ова натпреварувања.
Дубљевиќ со 19 кошеви го предводеше победникот, најсветла точка кај Зенит беше центарот Појтрес со 12 поени.
Останати резултати: Олимпијакос-ЦСКА Москва 74-75, Баерн Минхен-Макаби Тел Авив 72-70, Милано-Химки 84-74

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Светпред 11 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Англијапред 20 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата