Поврзете се со нас

Евролига

Реал од „дебел“ минус до победа над Олимпијакос, трилерот во Москва за Анадолу Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

Лидерот во Евролигата екипата на Реал Мадрид запиша уште една победа и тоа на домашен терен против Олимпијакос со 75-67.

„Кралевите“ одиграа катастрофално прво полувреме во кое дадоа само 24 поени и мунус 14 во однос на грчкиот претставник. По паузата излезе сосема друг тим кој одигра фантастично во нападот, борбено во одбраната и тоа донесе резултат, пресврт за продолжување на одличната серија на резултати.

Ертел даде 20 поени, додека ценатарот Таварес остана кус за еден скок за да запише дабл-дабл (11 поени, 9 скокови). На спротивната страна Везенков и Дорси искомбинираа 29 кошеви.

Анадолу Ефес го доби највозбудливиот меч и тоа против ЦСКА во Москва. Регуларниот дел заврши 86-86 по што мораа да се играат дополнителни минути во кои момците на Атаман беа за нијанска подобри, пофокусирани за конечни на крај 99-97.

Ларкин со 26 поени беше предводник на актуелниот европски првак, залудни за ЦСКА пак беа 31 поен на искусниот Хакет.

На третиот дуел Алба Берлин му нанесе тежок пораз на Уникс од 81-53.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни