Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид поднесе жалба против судијата Мунуера: Редно е да се искорени насилството (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид како клуб излезе со соопштение и објави дека поднесува жалба против судијата Мартинез Мунуера, човекот кој беше главен арбитар на последната пресметка која ја имаа „кралевите“ во шпанската Ла Лига.

Тимот на Карло Анчелоти триумфално мина низ Памплона и го освои „Ел Садар“ со 2:4, но водечките структури на Реал Мадрид се разочарани од случувањата на трибините, но и игнорантскиот однос на главниот судија.

Реал Мадрид поднесе обвинение против Мунуера и побара да биде суспендиран од дисциплинската коомисија при шпанскиот фудбал, бидејќи во својот судиски исвештај не ги вклучил ужасните расистички навреди на кои Винисиус Жуниор беше жртва во саботата.

„Винисиус умри“ сепак беше пораката која силно одекна и која предизвика посебен револт во шпанската престолнина, од каде сега пристигна жалба против арбитарот кој беше критикуван од клубот и во минатото.

– Нашиот клуб поднесе жалба до Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација против судијата на мечот Хуан Мартинез Мунуера, за кој сметаме дека несовесно го изготви својот судиски извештај. Овој судија доброволно и намерно ги испушти навредите и понижувачките извици кои постојано беа упатени кон нашиот играч Винисиус Жуниор, и покрај тоа што беше упорно предупредуван од нашите играчи во истиот момент кога тие се случуваа.

– Покрај тоа, Реал Мадрид како клуб исто така поднесе жалба до ова федеративно тело во врска со горенаведените навреди и понижувачки извици и истата ја проследи до Државната комисија против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот. Бараме лицата да се идентификуваат и да бидат казнети.

– Реал Мадрид уште еднаш ги осудува овие насилни напади на расизам, дискриминација и омраза и бара да се преземат неопходните мерки, еднаш засекогаш, за да се искорени насилството кое го трпи нашиот играч Винисиус Жуниор, – гласи објавата на „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни