Поврзете се со нас

Евролига

Реал им се врати на победите во Евролигата, Анадолу Ефес доживеа болен пораз во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Euroleague

Реал Мадрид ја прекина лошата серија на резултати и славеше над Виртус Болоња во вечерашниот меч во Евролигата.

„Кралевите“ влегоа во овој дуел со три порази во низа и целта беше да се запре истата, цел која беше остварена со триумф од 89:74. Гостите од Мадрид беа подобри во секој сегмент на кошаркарската игра, постојано водеа и го диктираа темпото и заслужено дојдоа до 23 победа во 29 натпревар.

Јабуселе со 15 и Поарје со 14 поени беа водечки стрелци.

Анадолу Ефес кој води жестока битка за пласман во плејин фазата доживеа болен, непријатен пораз на средбата со Асвел во Франција. Асвел одамна е отпишан, но тоа не му пречеше да се издвојува славје во својот дом со 84:80.

Луваву-Кабаро и Томас искомбинираа 41 поен, а кај поразените Клајбурн беше автор на 16 кошеви.

На последниата денешна средба Баерн во Минхен беше подобар од Жалгирис со резултат 64:58.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни