Поврзете се со нас

АТП

Раониќ за најголемиот тенисер на сите времиња: Нема да одлучат само грен слем титулите

Објавено

на

Рафаел Надал во големото финале во Париз ја освои својата 13-та титула на Ролан Гарос, успех кој му овозможи да се израмни со Рожер Федерер на вечната листа по бројот на освоени грен слем трофеи.

Сега и двајцата го делат врвот со по 20 титули од четирите најсилни и најпрестижни турнири во светот, па сосема очекувано, одновно се отвори дебатата за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња. Бројот на освоените грен слем титули обично сите го зимаат како прв параметар, но според Милош Раониќ, во трката за најдобар во историјата треба да се набројат уште неколку работи.

– Навистина неверојатно е она што Рафа го направи во Париз ја освои 13-та титула на Ролан Гарос во своето 16-то учество. Има загубено само два пати. Пред оваа голема тројка, рекордот беше 14 освени грен слем турнири, а сега Надал има 13 само на еден турнир.

– Сепак, тешко е да се даде одговор кој е најголем на сите времиња. Постојат повеќе опции. Рафа ќе биде уште во игра, се надеваме дека Рожер ќе се врати на стартот на наредната година, додека Новак е најмлад и најздрав од нив тројца.

– Не се во прашање само грен слем трофеите, важни се и неделите мината на првото место на АТП листата, меѓусебниот скор, колку пати е освоен еден грен слем, титулите на Мастерт турнирите, мислам дека сето тоа на крајот ќе има свое влијание. Верувајте, секогаш ќе постои дебатата кој е најголем на сите времиња, – изјави Раониќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни