Поврзете се со нас

Англија

Раниери: Среќен сум што се вратив во Премиер лигата

Објавено

на

Искусниот италијански стратег, Клаудио Раниери одново ќе имаме можност да го гледаме во Премиер лигата и тоа на клупата на Вотфорд.

Човекот кој со Лестер го направи најголемото фудбалско чудо кога се во прашање Топ 5 лигите го прифати предизвикот и ќе го води Вотфорд, тим кој по седум кола има седум освоени бода и се наоѓа на 15 место. Самиот Раниери е среќен што повторно во Англија каде освен во Лестер работеше и во Челси и Фулам.

-По последниот пораз ми се јави Поцо и ме праша дали сум слободен. Се договоривме и јас сум многу среќен што се вратив во Премиер лигата. Сакам да работам и да бидам присутен во клуб кој има добар проект. Одлични тренери се вратија во Италија, а јас и Анчелоти сме во странство. Тоа е дел од глобализацијата во фудбалот. Ова ќе биде прекрасна авантура, -вели Клаудио кој ќе има пеколно деби на новата функција затоа што се соочува со Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни