Поврзете се со нас

Светски првенства

Рамос: Доживеав многу работи во фудбалот, но никогаш вакво нешто….. (Видео)

Објавено

на

Шпанските фудбалски ѕвезди се соочија со неверојатна ситуација во Тбилиси на стадионот „Динамо арена“, откако беа приморани прерано да се упатата во соблекувалните поради недостиг на електрична енегрија.

Додека играчите беа на теренот, снема струја во сите делови од стадионот и брзо стана јасно дека тренинг сесијата на Луис Енрике нема да биде одработена докрај, а сега фудбалската Федерација на Шпанија ни долови каква била реакцијата на капитенот по несекојдневната ситуација.

– Доживеав многу работи во фудбалот, но вакво нешто немав доживеано…..

– Мора да си одиме во соблекувалната, ова е нешто историско за нас, – порача Рамос во видеото кое го прикажа Федерацијата.

Инаку, шпанските медиуми пренесоа дека електрична енергија не стигнало и половина час по првиот дефект, па фудбаерите се туширале со помош на светлата од мобилните телефони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни