Поврзете се со нас

Свет

Ракометниот регион во црно: Легендарниот Портнер ненадејно почина во Швајцарија

Објавено

на

Ракометниот регион денеска е обоен во црно и угледните ракометни медиуми објавуваат црни панделки во чест на легендарниот Златко Портнер, поранешниот југословенски репрезентативец кој во 59-та година од животот ненадејно почина.

Портнер како легенда на југословенскиот ракомет со години живееше во Швајцарија, а оттаму денеска пристигна тажната вест за негова неочекувана смрт, која секако разбуди емоции кај повозрасните љубители и следбеници на ракометот.

Златко беше член на незаборавната и неповторлива генерација на Југославија во 80-тите години на минатиот век, а воедно и член на „вонземјаните“ од Металопластика, тим со кој двапати ја освои титулата во Купот на шампионите. Портнер славеше во најелитното европско натпреварување и како играч на Барселона, а откако мина во неколку клубови во Швајцарија, таму ја заврши кариерата и продолжи да живее.

Како еден од најдобрите играчи во југословенскиот состав, Портнер го освои златниот медал на Светското првенство во 1986-та година, а две години подоцна, ја освои бронзата на Олимписките игри во Сеул.

Портнер кариерата ја започна во 1980-та година во Црвенка, најубавите моменти од кариерата ги мина во Металопластика, а играше уште за Барселона, Венисау, Берн и Цофинген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни