Поврзете се со нас

НБА

„Ракетите“ донесоа одлука: Харден и Вестбрук имаат нов тренер!

Објавено

на

Екипата на Хјустон Рокетс го затвори најважното прашање, а тоа е наследникот на Мајк Д’Антони кој си замина од функцијата прв тренер по завршувањето на договорот.

Клубот од Тексас не се одлучи за некое проверено докажано име туку се реши да му дада шанса на Стивен Сајлас кој досега му беше асистент на Рик Карлајл во Далас Маверикс. Ова за Сајлас ќе биде најголем предизвик во досегашната кариера, прво искуство како прв тренер со оглед на тоа што досега беше помошник и скаут во Шарлот Хорнетс, Њу Орлеанс Пеликанс, Кливленд Кавалирс, Вашингтон Визардс и Голден Стејт Вориорс.

Според информациите Стивен со „ракетите“ договорил четиригодишен договор и ќе ги води Харден, Вестбрук и компанија. Ова е последна од промените во Хјустон со оглед на тоа што си замина генералниот менаџер Дерил Мори, односно на негово место дојде Рафаел Стоун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни