Англија
Рајс нема да го заборави првиот ден во Арсенал: Артета ми пријде и ми залепи натпис на градите

Деклан Рајс се претвори во најскапо засилување во историјата на Арсенал и трансферот надмина 100 милиони фунти, но „топчиите“ беа цврсто решени дека прават вистински потег и успеаја да ја добијат битката со Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Англискиот репрезентативец открива дека клучен фактор во преговорите бил Микел Артета, па иако е само два месеци во клубот, веќе се чувствува како дел од семејството поради неверојатното добредојде кое го имал од сите.
Рајс обелоденува дека посебно нервозен бил првиот ден, кога играчите од првиот тим не биле тука, но седел со налепница на градите пред играчите од У21 и У19 тимот.
– Бев малку нервозен при првиот ен во Арсенал, а потоа дојде Артета. Ми залепи лепенка на градите на која пишуваше: Здраво, јас сум новата личност тука! Се уште не беа тука момците од првиот тим, но сите играчи до 19 и 21 година беа во кантината. Минував крај нив и се обидував да го сокријам натписот на моите гради.
– Артета се обиде да ме опушти со тоа, тој е главната причина поради која го избрав Арсенал пред другите. Од првиот мокмент кога го запознав, знаев дека правам вистински чекор со него. Начинот на кој зборува, неговата аура, начинот на кој го гледа мечот и на кој игра фудбал се неверојатни. Одлуката е најдобра што можев да ја донесам, тука сум само два месеци, но се чувствувам како дома, – објаснува Рајс.
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 24 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 22 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Јовиќ: „Чкембари“ се најдобрите навивачи на сите ракометни терени, Пелистер ќе ја освои двојната круна во Македонија!