Поврзете се со нас

АБА лига

Радуловиќ: Формата ќе оди во нагорна линија, веќе се гледа вистиското лице на Војдан

Објавено

на

 

Екипата на МЗТ Скопје издвојува триумф над Војводина и на тој начин со две победи и еден пораз го заврши настапот на турнирот во Бања Лука.

„Металците“ против српскиот претставник го одиграа најдобриот меч на „балонот“, нападот функционираше на повисоко ниво, намален беше бројот на загубените топки и сето ова придонесе да слават победа од 83-75.

Тренерот Дарко Радуловиќ беше задоволен од тоа што го виде секако со надеж и верба дека ова е само најава за уште подобри изданија до крајот на кампањата во АБА2 лигата.

-Противникот имаше една атипична постава на теренот со четири високи кошаркари, беше тешко да се реши го згуснаа рекетот. Момците борбеноста во одбрана, го обезбедивме скокот, знаевме дека во тие моменти не може шутот да им биде посилно оружје и тоа беше клучот. Момците дадоа се од себ, се бореа со повисоко, посилни играчи, ама се изборија со тоа.

-Денеска ние малку личевме повеќе на себе, имавме помалку загубени топки од претходните средби, подобро трчавме, го осигуравме скокот. Веќе се гледа вистинското лице на Војдан Стојановски, очекувам и другите играчи наскоро да влезат во својот препознатлив ритам. Треба формата да оди во нагорна линија. Ни недостасува капитенот Дамјан. Ако не служи здравјето, ќе можеме да се покажеме во добро светло на тој предизвик во последниот „балон“, -истакна Радуловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни