Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со уште еден отпуштен фудбалер од Борец

Објавено

на

Откако пред два една седмица го обезбедија потписот на Никола Прелчец, Работнички денеска се пофали со уште едно значајно засилување од распуштениот тим на Борец, па во таборот на „романтичарите“ пристигнува дефанзивецот Никола Ристевски.

Младиот 24-годишен фудбалер доаѓа во составот од Дебар Маало и ја зголемува конкуренцијата во одбраната во тимот кој неодамна го води Александар Влахо.

– Среќен сум што постигнав договор со Работнички, клуб со голема традиција и шампионско педигре во Македонија и надвор од нашите граници.

– Се надевам дека ќе дадам полн придонес во обидот тимот да ја оствари зацртаната цел во пролетниот дел од сезоната и понатамошните предизвици. Познавам голем дел од соиграчите и мислам дека брзо и успешно ќе се вклопам во новата средина“, изјави Никола Ристески.

Никола Ристески досега настапуваше за Борец, а претходно во кариерата ги бранел боите на Кит Го, Еуромилк и Кожуф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни