Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со талентираниот Попоски

Објавено

на

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички денеска го претстави Димитриј Попоски како ново засилување во јануарскиот преоден рок.

Попоски ќе конкурира на позицијата лев бек, а со своите 19 години е најавен како голем потенцијал за иднината на „романтичарите“.

Негов претходен клуб е Борец, а Попоски има настапувано за младинските академии на Вардар и Њу Стар.

Новите соиграчи на Попоски денеска одиграа пријателски натпревар против скопскиот ривал Македонија Ѓорче Петров, а на истиот Работнички победил со 2:1.

Алими и Аломеровиќ погодиле за победникот, а единствениот погодок за Македонија бил дело на Мишевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни