Поврзете се со нас

Германија

„Рабона“ магија на Вимер за асистенција на годината во Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Арминија Билефелд ја продолжи својата добра серија во Бундеслигата и пет меча не знае за пораз во елитното друштво, што направи тимот да побегне од опасната и да влезе во една посигурна зона на табелата.

Арминија стигна до третата победа на последните пет натпревари во најсилното германско натпреварувањето, а тоа го направи откако победи на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Составот од Билефелд направи изненадување и победи на овој натпревар од 20-то коло, кој пак ќе се памети по една од најдобрите асистенции кои се видени во Бундеслигата во изминатите неколку години.

Шепф го постигна голот за 0:2, но во прв план се најде асистенција на Вимер, човекот кој инаку го постигна првиот гол на натпреварот.

Десното крило испрати сериозна кандидатура за асистенција на годината во Германија, бидејќи со лажен потег го измести својот чувар, а потоа со „рабона“ додавање се погрижи за сензационален гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни