Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ со жесток одговор на нападите на Тебас

Објавено

на

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, постојано упатува критики за начинот на кој функционира ПСЖ, нарекувајќ го „државен клуб“ и идентично зло за фудбалот како Супер лигата.

Раководството на ПСЖ реши да реагира и јавно одговори на изјавите на Тебас.

– Од време на време си дозволувате јавно да ја критикувата француската лига, како и клубовите и фудбалерите, постојано изнесувајќи инсинуации според кои не ги почитуваме финансиските регулативи.

– Веќе сите знаат дека шпанските клубови се во големи долгови, а вината за тоа делумно е и во одговорните за лигата, додека истовремено примавте и помош од државата.

– Ви предлагаме да се фокусирате на вашите домашни проблеми, посебно што Реал Мадрид и Барселона се обидуваат да ја растурат вашата лига и европскиот фудбал воопшто, – стои во соопштението потпишано од генералниот секретар на ПСЖ, Викторијано Мелеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни