Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ прими трагикомичен гол, но избегна пораз на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике со мислите беше на четвртфиналето против Барселона и излезе со комбиниран тим против Клермон, па на крајот „светците“ мораа да се спасуваат од пораз.

Најслабиот тим во Лига 1 беше пред голем подвиг и имаше предност до 85-та минута од мечот, но влегувањето на Килијан Мбапе им направи проблем на гостите, бидејќи главната ѕвезда додаде до Рамос кој погоди за 1:1.

Португалецот не дозволи пораз за фаворитот на натпреварот кој требаше да биде идеално загревање за Барселона, меѓутоа тимот на Лучо на крајот мораше да се задоволи со реми.

Двојното додавање меѓу Мбапе и Рамос беше клучно за избегнување на пораз, но претходно во првиот дел видовме еден навистина трагикомичен погодок, при кој Шкриниар направи голема грешка, а топката со многу среќа заврши во мрежата.

Стрелец на погодокот беше Кеита, но истиот не се покажа како доволен за голема победа на Клермон.

Погодокот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни