Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ подобар во голеадата во Минхен, Челси со сигурна предност се враќа во Лондон

Објавено

на

Екипите на Баерн Минхен и ПСЖ одиграа фантастичен натпревар во кој паднаа пет погодоци во првата меѓусебна пресметка од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Гостинот од Франција ја однесе победата победувајќи со 3:2 и обезбедувајќи си одлична предност пред реваншот кој на програмата е следната недела.

ПСЖ дојде до рано водство уште во 3. минута кога Мбапе го матираше Ноер по додавањето од Нејмар. Парижаните зголемија и на 2:0 со голот на Маркињос по кој повторно асистент беше бразилскиот фудбалер.

Потоа следеа два погодоци на Баерн Минхен, по еден во двете полувремиња со кои тимот од Баварија стигна до израмнување, но нерешениот резултат не траеше многу на семафорот затоа што по само осум минути од голот на Милер, Мбапе со вториот погодок донесе предност од 3:2 за ПСЖ. На крајот тоа се покажа и како конечниот резултат на средбата.

Челси славеше победа од 2:0 на гостувањето кај Порто кој поради ковид протоколите беше домаќин на стадионот на Севилја. Избраниците на Тухел одиграа доволно за победа и со головите на Маунт и Чилвел со стабилна предност се враќаат во Лндон.

Image

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни