Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ отвори со промашен пенал, па ја наполни мрежата на Монпелје

Објавено

на

Актуелниот француски шампион ПСЖ без големи проблеми ги прокнижи и бодовите од дуелот со Монпелје, славејќи на домашен терен со убедливи 5:2.

Мбапе го отвори натпреварот со нереализиран пенал, но набргу тоа немаше големо значење, бидејќи автоголот на Сако и пеналот на Нејмар донесоа водство од 2:0 на полувреме за домаќините.

Вториот дел беше рутина, Нејмар и Мбапе погодија по еднаш, а во листата на стрелци се запиша и засилувањето Ренато Санчез.

Казри и Чато реализираа по еднаш за да ја спасат честа на Монпелје, кој заминува од Париз со пет погодока во мрежата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни