Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ ќе го менува Кавани со фудбалер на Манчестер Јунајтед?

Објавено

на

Од таборот на ПСЖ се во потрага по замена за Единсон Кавани кој си замина од клубот откако неговиот договор дојде до самиот крај.

Францускиот клуб ќе бара искусен фудбалер кој ќе фигурира како резервна опција на Маури Икарди кој од оваа сезона перманентно се пресели на „Паркот на принцовите“.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ го посочил Одион Игало како идеално решение за напаѓачката позиција во клубот.

„Фут Меркато“ пренесе дека од францускиот клуб веќе стапиле во контакт со претставниците на Игало кој со Манчестер Јунајтед има договор до јануари.

Токму настапите во Манчестер Јунајтед го натерале ПСЖ да размисли за ангажман на искусниот Одион Игало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни