Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ го демолираше Елверум, Раул му оддаде почит на Кинтана (Фото)

Објавено

на

ПСЖ не му даде никаква шанса на Елверум и славеше против последнопласираниот тим во групата со 44:29, натпревар на кој дури 11 играчи на Раул Гонзалес се запишаа во листата на стрелците.

„Светците“ беа навистина расположени за игра и му подарија победа на тренерот кој денеска го продолжи договорот со клубот, по што стана јасно дека ќе има пред себе уште две години во обидот да ја донесе европската круна во Париз.

Раул имаше неверојатен успех во Скопје и му ја донесе првата историска титула на Вардар во Лигата на шампионите, а сега ќе добие можност да го направи тоа со ПСЖ до 2023-та година.

Шпанскиот стручњак денеска имаше мирна вечер и релаксирано го водеше тимот од клупата, а како прв тренер на „светците“, носеше маичка во чест на трагично починатиот Алфредо Кинтана кој минатата седмица ненадејно почина од срцев удар.

Сите играчи на ПСЖ му дадоа почест на својот колега, а Раул ја носеше на себе маичката во текот на целиот меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни